Најмладата баба на светот има само 25 години! (ФОТО)

Романката Рифка Станеску (25), која на 12. години родила дете, официјално е најмладата баба на светот. Таа на 23. годишна возраст можела да се пофали со дете, но и со внуче.

Таа ја родила својата ќерка Марија кога имала само 12 години, но наспроти фактот што го предупедувала своето дете да не ги следи нејзините стапки, нејзината ќерка затруднела кога имала 11. години.  Младата баба, од селото Ивест во Романија, вели дека ја советувала ќерка си да оди на училиште, но залудно.

– Среќна сум што сум баба, но сакав поинаков живот за Марија. Нејзиниот син Ион е добро момче и веќе на осум години ја верил својата девојка. Секогаш е добро да имате машки деца – бидејќи тие не патат многу како женските деца, изјавила Рифка за британскиот „Сан“.

Рифка се спротиставила на своето семејство, бегајќи со продавачот на накит Ионел Станеску кога имала 11 години. Тие се венчале, а набргу Рифка затруднела. Интересно е тоа што оваа Романка на овој начин успеала да го избегне договорениот брак кој нејзиното семејство го планирало за неа.

Сакав да се омажам за него. Секако, откако побегнав ние двајца секоја вечер ја поминувавме заедно и не постоеше ништо и никој кој би можел да не раздели, признава оваа необична баба.

Сепак, колку и да сакале Ионел и Рифка нивната ќерка да се посвети на образованието, таа сепак одлучила да заплови во брачните води.




Коментари

коментари