Категории

Најмладиот милионер во Македонија во 2020 година имал 7, а најстариот 96 години

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска, соопшти дека најмладиот милионер е роден 2013 година и дека во минатата година остварил доход од милион денари (околу 16.300 евра).

Најстариот милионер во 2020. година имал 96 години и заработил околу 4,57 милиони денари (74.500 евра).

Претставувајќи го годишниот пресек на даночни пријави за 2020 година, Лукаревска изјави дека во 2020 година, покрај економската криза поради пандемијата, доход над 1 милион денари во 2020 година имале 40.021 граѓани.

Според анализите на даночните пријави, 11 граѓани пријавиле бруто доход поголем од 100 милиони денари (околу 1,6 милиони евра), 557 заработиле помеѓу 10 и 100 милиони денари, а 40.000 имале бруто доход помал од 10 милиони денари (околу 163.000 евра).

Најголем годишен приход во 2020. имала Скопјанка која остварила 453,1 милион денари, двојно повеќе од најголемиот бруто доход во 2019. година.

Прегледи:
512
Објавено на:
08.10.2021