Најмоќната планина на југот – Кожуф

На повеќе од два часа возење од Скопје лежи еден од најиздашните ски центри во Македонија, ски центарот Кожув сместен на 1550-1600 метри позициониран на северната страна од планината, кој преку новиот регионален пат преку Смрдлива вода, стана полесно достапен.

Со својата геоположба планината Кожуф близу до влажните струи од Егејско море и поставеноста на центарот на северната страна од планината ги создава најповолните услови за изобилство од снег кој трае подолго време.

На 210 км од Скопје, 130 км од Солун и 50км од Гевгелија како млад и модерен центар е вистински магнет за авантуристите. Ски центарот датира од 2006 година, релативно млад го карактеризираат големи количества на снег, со атрактивност посебно за љубителите на freeride скијањето и сноубордингот.

smrdliva voda-kozuf

Ски центарот Кожуф се наоѓа во јужниот дел од државата во пограничниот регион помеѓу Македонија и Грција, распослан под неколку врвови над 2000 метри од кои највисокиот Зелен брег 2171м и К-92 2102м се опфатени во рамките на ски зоната. Планината нуди прекрасен поглед на југо-источниот дел од државата како и врвовите и пределите кон Грција.

Центарот сеуште нема добро развиена инфраструктура од аспект на сместувачки капацитети и угостителски објекти. Засега располага со неколку помали објекти, вили и ресторани, па доколку сакате да преспиете повеќе денови пожелно би било да се обезбеди навремена резервација. Гевгелија е на 20 мин од центарот, па на располагање ви стојат сите благодети на модерниот живот.Но доколку сакате да бидете изолирани и да ја почувствувате планината Кожуф е повеќе од доволен.

ski-kozuf-momina-cuka

Од опременост, во рамките на центарот е изградена вештачка акумулација Марково езеро од каде се напојуваат топовите за снег со вода. Инсталирани се една жичара шестосед експрес Doppelmayr и два ски-лифта сидро кои носат до самите врвови на Зелен Брег и К-92 високи по 2171 и 2102 метри од каде што се во функција неколку патеки и слободни зони за скијање. Заради големината на падините до кои носат овие ски лифтови центарот и сега е атракивен од аспект на ски површина. Центарот го опслужуваат две ратрак машини Prinoth Everest, еден Pisten Bully 100, специјален камион со фреза за чистење на снег, а располага и со моторни санки Polaris.

Во моментов во рамките на центарот од аспект на угостителски објекти и сместување на располагање се кондоминиуми и викенд куќи кои се сопственост на центарот , хотел Вила Тодоров, дополнително на располагање е и ресторанот Момина Чука кој располага со добра храна, скара и пијалоци.

Kozuf centar (6)

Новина за ова сезона е тоа што центарот се отво­ра на ме­ѓу­на­род­ни­от па­зар со единс­тве­на по­ну­да во це­ла Евро­па со паке­тот „Ком­бо-фри рајд (Combo-Freeride), кој прет­ста­ву­ва ту­ри­стич­ка по­ну­да што ја ну­дат са­мо не­кол­ку цен­три во све­тот, по­ве­ќе­то во Се­вер­на Аме­ри­ка. Овој си­стем по­драз­би­ра ко­ри­сте­ње на жи­чар­ни­ци­те и на ра­тра­ци­те за транс­фер на гру­пи ски­ја­чи до па­те­ки за сло­бод­но во­зе­ње.  Ко­жуф рас­по­ла­га со по­ве­ќе од 3.000 хе­кта­ри и со овој си­стем се овоз­мо­жу­ва ски­ја­чи­те да ски­ја­ат це­ло вре­ме на не­до­пре­ни ски­јач­ки предели.

Tуристичката населба според усвоениот план треба да има 200 планински куќи, 40 помали хотелски и 6 поголеми хотелски капацитети. Отворен паркинг простор за над 2000 возила, мултимедијален центар, продавници и барови и бројни спортско рекреативни содржини (фудбал, тенис, кошарка, голф, пливање итн.)55kozuf(6)

Во развојниот план на центарот предвиден е систем од 6 жичари со капацитет од 20.000 скијачи на час и површина од скоро 150 км уредени ски стази, слободна зона од 1500ha и систем од 14км патеки т.е конектори низ целиот центар.

Со целосната негова реализација се очекува ски центарот Кожув да е еден од најголемите и најопремени ски центри во југоисточна Европа со 11 жичари и капацитет од 25.000 скијачи/час, 80 км уредени ски патеки, 20 км крос кантри патеки и нордиско скијање, над 50 топови за правање снег, 200 км патеки за ски санки, heli & cat ski.

Кожуф изобилува со голем природен потенцијал, планина од која извираат повеќе реки, богата со пејсажи, флора и фауна. За љубителите на планината реката Дошница е една од најубавите и најчисти реки во Македонија. Од изворот под Зелен брег па се до вливот во Вардар нема индустриски објект кој ја загадува. Река во која опстојуват пастрмката, кленот, ракот и др.  На Кожуф сеуште опстојува рисот како редок и заштитен вид. Растителниот свет е богат со најразновидни врсти но секако најатрактивни се лековитите билки и растението (Arbutus andrahne) или во народот познат како „гол човек„ кој и со закон е заштитен.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=hFkp55rUfpQ[/tube]




Коментари

коментари