Најпознат диуретик и сојузник при слабеење: Придобивки од кафето што ќе ги обожавате!

Дали знаевте дека кофеинот од кафето ги разложува масните клетки и ги користи како енергија?

Кога ќе кажеме кафе, на повеќето луѓе првата асоцијација им е будењето и топлата, вкусна „поддршка“ во филџанот што нè исполнува со енергија за да се движиме, подготвени и полни со елан за да зачекориме во нов ден и да исполниме сè што сме си поставиле пред себе.

Но дали е кафето само тоа? Што друго му подаруваме на телото со еден филџан свежо мелено кафе?

Благодарение на антиоксидансите кои се наоѓаат во него, науката го смета кафето за пијалок што може да има позитивен ефект врз здравјето на луѓето, додека неколку студии покажаа дека љубителите на кафе се со помал ризик за развој на одредени болести!

 

Ви ја зголемува енергијата и ве прави попродуктивни

Кофеинот во кафето е оној што ве ослободува од замор и ја зајакнува енергијата веднаш штом ќе се напиете филџан свежо мелено кафе. Студиите покажаа дека пиењето кафе подобрува одредени функции на мозокот, како што се меморијата, расположението, будноста, фокусот … Сето ова нè прави многу попродуктивни.

 

Најдобриот сојузник за слабеење

Дали знаевте дека кофеинот се наоѓа во скоро секој производ за согорувањето на мастите? Постои голема причина за тоа – кофеинот е еден од ретките природни материи за кои е докажано дека помага во топењето на маснотиите. Подобро дејство се добива при пиење домашно, свежо мелено кафе отколку суплементи, а е и многу поздрав избор.

 

Моќен диуретик

Кафето е познато дека е едно од најмоќните диуретични пијалоци кои го поттикнуваат метаболизмот да работи побрзо и со тоа да се забрза елиминирањето на токсините и вишокот вода од организмот.

 

Ја зголемува физичката издржливост

Кофеинот во свежо меленото кафе го стимулира нервниот систем и го зголемува нивото на адреналин во крвта, што во истиот момент не прави многу поиздржливи. Најинтересен е начинот на кој тоа го прави кафето – кофеинот ги разложува масните клетки и ги користи како енергија!

Ве прави посреќни

Се поголем број луѓе денес се борат со депресија. Сакајќи да истражат што би можело да им помогне на луѓето да се справат со оваа состојба, експертите откриле дека три шолји квалитетно свежо мелено кафе го намалуваат ризикот од депресија за 20 проценти. Откриле и дека е доволно за некоја личност да мириса сварено кафе и веднаш да го подобри расположението.

 

Го продолжува животот

Преку бројни студии, научниците откриле дека љубителите на кафе кои пијат најмалку две шолји од овој пијалок секој ден, имаат помала веројатност за развој на многу болести, од дијабетес до црн дроб и мозок. Затоа, тие логично заклучиле – пиењето вистинско кафе може да ви го продолжи животот.

 

Кога на сето ова ќе се додаде и феноменалниот вкус што го обожаваме, дали ви треба друга причина да ја ставите водата веднаш? Направете си чаша квалитетно ОМИЛЕНО, ДОМАШНО свежо мелено кафе, раскомотете се и уживајте во неговата арома и вкус и многуте придобивки што ги нуди вашиот омилен црн пијалок!




Коментари

[fbcomments]