Најпознатите глушец и мачка – Том и Џери денес слават 80. години постоење

Многу генерации на деца израснаа со еден од најдобрите и најпопуларните цртани филмови во светот. Секако, станува збор за легендарните анимирани филмови за Том и Џери создадени од Вилијам Хана и Џозеф Барбера.

Цртаниот филм ги прати авантурите на мачката Том и глушецот Џери, а нивното комично надмудрување е исклучиво популарно.

Оригиналната серија е составена од 114 епизоди кои Хана и Барбера ги создале за МГМ помеѓу 1940 и 1957., а во тој период освоиле и седум Оскари.




Коментари

[fbcomments]