Категории

Најпознатите народни рефрени на првиот детски фестивал „Фолклорна бајка“

Најпознатите изворни народни песни, во изведба на деца на возраст до 16 години ќе бидат на репертоарот на првото издание на Детскиот фестивал „Фолкорна бајка“ што на 8 мај ќе се одржи во Охрид.

Дваесеттина дечиња ќе ги пејат „Елено ќерко“, „Мома охриѓанка“, „Деспина“, „Македонско девојче“, „Болен лежи млад Стојан“, „Никнало цвеќе шарено“ и многу други препознатливи фолкорни рефрени што оставиле белег низ богатото македонско културно и традиционално творештво.

Организаторите на манифестација, што е осмислема да стане традиционална е преку сепцифичен настан да се промовираат културните вредности, традицијата и уметничката духовност кај младата популација.

– Преку бројни учесници кои ќе настапат на Фестивалот ќе се потенцира талентот кој го поседуваат младите, но и ќе се придонесе кон нивен правилен развој.  Овој Фестивал има за цел зачувување на старата изворна песна и пренесување на народниот мелос на младата популација. Децата од најмали нозе ќе ја пеат македонската песна а со тоа ќе ја осознаат вредноста која не идентификува како народ со долга традиција, вели уметничкиот директор на фестивалот, Наум Џуклески.

Што се однесува до подготовките во овој период се врши пријавување на учесниците. Пријавени се деца од повеќе градови од државата, а предвидено е и учество на гости и од други држави кои преку песната ќе ја осознаат нашата култура, но и ќе биде одлична можност за преставување на квалитетите како на нашите млади изведувачи, така и на фолклорното богатство што го поседува Македонија и го одбележува македонскиот како народ со долга и богата традиција.

– Како една од најхуманите мисии во животот на секое општество, поддршка на младите таленти, овој Фестивал очекуваме да придонесе кон афирмацијата на македонската култура, и токму затоа зад целиот проект стојат врвни професионалци, докажани во својата работа. Преку новите аранжмани направени специјално за секоја песна,  ќе се придонесе и за подигнување на квалитетот на музичката понуда притоа водејќи сметка да се задоволат музичките потреби на нашето најголемо богатство – децата, додава Џуклески.

Прегледи:
513
Објавено на:
27.02.2016