Категории

Најсилни и најголеми борци се оние луѓе кои молчат за своите добиени битки

Кога ќе видите некој храбар, знајте дека има многу внатрешна борба зад тоа, ништо од тоа не доаѓа само по себе.
Сите големи луѓе на кои денес им се восхитува светот, станаа толку големи во нивната болка, битките оставени зад себе, брчките и сивата коса кои повеќе нема да исчезнат. 

Кога ќе видите некој кој е силен, знајте дека зад тоа стои многу внатрешно страдање. Колку само внатрешни војувања, невидливо спротивставување, колку само тивка тага, неправда што таа личност ја издржала и која никој не може да ја поправи се крие позади сето тоа. Но, сето тоа ја направи силна, ја прави да изгледа како нејзиното сегашно јас и никогаш да не си дозволува нешта кои некогаш си ги дозволувала, бидејќи научи лекција на многу потежок начин од вообичаеното.

Кога ќе видите личност која ве воодушевува, знајте дека немало ништо полу-просечно тука, немало никакво одложување и бесконечно размислување, одење по линијата на помал отпор и самоизмама. Тоа е личност која јасно можеше да ви каже „да“ таму каде што гледа можност и „не“ каде што луѓето, нештата и околностите не и го даваат она што го заслужува и што не вреди. Затоа донесува одлуки после кои веќе ништо не е исто.

Затоа, не се прашувајте како се создаваат херои и борци, борците се создаваат кога навистина се грижат за нешто, кога ќе видат дека нема враќање и ќе сфатат дека нема смисла да се практикува ист начин на живот во иднина. Тие се јавуваат кога веруваат дека се способни да ги постигнат оние работи што им се појавуваат во сон и дека не треба да бараат ничија дозвола или потврда за да го сторат тоа. Осмелете се и сторете го истото, без оглед на цената и што ќе кажат другите. Твојот живот е само твој. Направете и земете го заслуженото!

Прегледи:
577
Објавено на:
05.01.2021