Категории

Најсилните луѓе кои во себе гаат голема добрина и мудрост се најчесто најосамени

Кога некој често избира осаменост, не значи дека е некој изолиран тип, тоа може да значи дека поминал многу низ животот.
Копнежот за осаменост честопати е одговор на она што општеството му направило на некого, на начинот на кој луѓето се однесувале кон него. Затоа, не критикувајте ги овие луѓе, тие поминале низ тешки животни лекции кои оставиле многу траги врз нив, траги од рани и лузни кои сега ги лекуваат во осаменост и повторно си доаѓаат сами на себе.

Луѓето се борат за својот мирен живот затоа што сфаќаат дека мирот не може да замени ништо. Ова не се некои асоцијални негативци, тоа се луѓе кои дале се од себе, но светот им одзеде многу, тоа се луѓе кои платиле за нечија блискост во нивните животи на најтешкиот начин, тоа се луѓе кои верувале во доброто кај луѓето о сфатиле дека покрај добрината во животот, потребна е и мудрост, бидејќи само таа може да го заштити светото и кревко кај секој човек.

Тоа се луѓесекогаш ќе ви посакуваат среќа затоа што знаат дека секогаш им се враќа она кое се дава, луѓе кои не би повредиле некого затоа што тој им направил нешто лошо, но само ќе се повлечат назад задржувајќи ги своите граници, нивниот интегритет и мир. Тоа се луѓе кои секогаш ќе будат некаква емоција кај вас затоа што тие се многу топли и добродушни луѓе, но тие мораат некако да им стават крај на оние предатори кои зграпчуваат се што е позитивно во другите.

Кога некој често бира осаменост, тоа не значи дека не сака други луѓе, туку дека во нивно присуство сака да го даде своето најдобро лице што ќе го подготви во својата осаменост. Приказната за луѓето кои избираат осаменост е приказна за внатрешната борба на луѓето да прават добро, за вистината, приказната да ги соблечат сите маски на светот и да бидат пред другите какви што се. Луѓето кои избираат осаменост имаат сила и моќ да се променат себеси и да го покажат единствениот начин на кој ќе можат да го трансформираат овој свет. Кога некој често избира осаменост, тоа е неговиот начин да се бори за неговиот внатрешен мир!

Прегледи:
93
Објавено на:
12.01.2021