Категории

Најсилните цитати од револуционерот Че Гевара

Ернесто Гевара, или познат како Че Гевара бил марксистички револуционер и сојузник на Фидел Кастро, а со времето стана икона на модерната култура. Својата политичка активност ја започнал во својата родна Аргентина, а потоа во Боливија и Гватемала. Ова се неговите најпознати изреки..

„До вечна победа“

„Не ми е важно ако паднам се додека има некој зад мене кој ќе ја подигне мојата пушка и ќе продолжи да пука“

„Револуцијата не е јаболко кое паѓа кога ќе му дојде време. Ти си тој кој треба да го натераш да падне“

„Секоја наша битка е борбен извик против империјализмот и секоја наша битка е химна за унија на луѓе и борба против заедничкиот непријател – непријателот на планетата Соединетите Американски Држави“

„Ако се тресеш од мака на секоја неправда, тогаш си мој пријател“

„Да бидеме реални, го очекуваме невозможното“

„Знам дека сте овде да ме убиете. Пукајте кукавици, ќе убиете само човек“

„Подобро да умреш стоејќи отколку да живееш на колена“

„Тажно е да немаш пријатели, но уште потажно да немаш непријатели“

„Јас не сум ослободувач. Ослободувачи не постојат. Народот самиот се ослободува себеси“

„Не можеме да знаеме дали е вредно да живееме за нешто доколку не сме спремни да умреме за тоа“

„Тишината е аргумент кој се искажува со други сретства“

„Првата должност на револуционерот е да биде образован“

Прегледи:
1396
Објавено на:
29.09.2019