Најскапото вино во светот се пие со лажичка?

Royal Tokaji, винарија која се наоѓа на североистокот во Унгарија го претстави најскапото вино во светот. Шише од ексклузивното вино „Essencia“, кое го нарекуваат и „нектар“ се продава по цена од 40 000 долари, а на пазарот има 18 шишиња од ова вино.

Првото шише од берба 2008 година веќе е продадено на неименуван приватен колекционер од Пекинг, а се очекува заинтересираноста за ова вино да биде голема. Од винаријата високата цена ја оправдуваат со трошоците за производство, но и ограничените количини на грозје. За да се произведат две шишиња од овој сладок вински сируп, односно само 1.5 литри, потребни се околу 180 килограми грозје, а секој грозд мора да биде рачно берен. Виното достигнува 2-4 % алкохол, а кога ќе дозрее виното е толку густо што обично се конзумира во мали количини. Наместо во чаши, се сервира во кристални лажички.




Коментари

коментари