Најскромната кралица владее со најсреќната земја во светот: Тие не ги сечат шумите и самите се издржуваат!

Кралицата на Бутан, Џетсун Пема (28), најмладата кралица во светот, ги магепсува своите жители на оваа мала држава со својата убавина и скромност.

Џетсун живее скромно во колиба со мажот, кралот Џигмео Кесаро Намгиел Вангчук, не била на меден месец, туку пешачела низ Бутан и ги запознавала своите поданици.

Младата кралица која неодамна го родила своето прво дете, родена е во семејство која е поврзана со кралското семејство , но била без титула.

Нејзиниот татко Дондуп Гјалтшен, е полубрат на поранешната кралица. Исто така и нејзината мајка потекнува од аристократско семејство.

Џетсун се школувала во Индија, каде што уживала во кошарка и сликање, а редовно освојувала и награди на натпревари во дебата и говорништво. Течно говори хинду, англиски и џонгка, официјалниот јазик на Бутан. Сепак таа останала цврсто на земја со двете нозе.

„Таа не фантазира. Мислам дека никогаш не ни сонувала да стане кралица“, рекол еден нејзин поранешен професор.

Кралот и кралицата се запознале на семеен пикник кога Џетсун имала 7, а тогаш идниот крал 17 години. Тој уште тогаш клекнал на колена пред неа и и рекол дека би сакал таа да биде негова жена. Тие се венчале истата година како и Кејт и Вилијам, но нивната церемонија била потполно различна.

Одржале петочасовна будистичка церемонија во тврдина од 17. век, а невестата носела традиционална носија. Интересно е тоа што во Бутан е дозволена полигамија, а неговиот татко ја искористил женејќи дури четири жени. Меѓутоа, младиот крал одлучил Џетсун да биде негова единствена жена. Таа неодамна му родила и наследник.

Бутан е единствената земја во светот во која власта е уверена дека среќата е најважната цел кон која тежи целото население. Колку е тоа важно за нив, говори и податокот дека правото на среќа е запишано во членот 9 во нивниот устав.

Поради тоа, на секоја личност во земјата во склоп на пописот на население, помеѓу останатото и се поставува прашањето „Дали сте среќни?“.

Во последниот попис спроведен во 2015. година, 35% од населението изјавиле дека се „многу среќни“, 47.9% се чувствуваат „умерено среќни“, а само 8.8% од населението изјавиле дека се „несреќни“.

Луѓето во оваа земја живеат задоволни , со многу помали глобални проблеми како што се криминал и глад. Не се опседнати со модерната технологија и досега не искусиле војни и екстремна сиромаштија.

Нивниот закон забранува убивање животни, така што поголемиот дел од населението се вегетаријанци. Уште еден интересен аспект од животот во Бутан е тоа што шумите не се сечат – населението секогаш се труди да посади што повеќе стебла. Средишните и јужните делови на земјата воопшто не се развиени – тие подрачја во принцип се големи природни резервати со богата флора и фауна.

Исто така, во склад со зачувувањето на животната средина Бутан вовел пешачки ден еднаш месечно. На тој ден сите вработени одат пешки на работа и никој не вози автомобил за да не ја загадува околината дополнително.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by His Majesty King Jigme Khesar (@kingjigmekhesar) on


Ова кралство (парламентарна монархија) произведува доволно за само себе да се издржува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by His Majesty King Jigme Khesar (@kingjigmekhesar) on




Коментари

коментари