Категории

Најсмешните, најискрени и најтопли твитови за задачата РОДИТЕЛ!

Да се биде родител е дефинитивно најтешката и најодговорна работа во светот. Но, исто така, таа е најблагородна и најубава работа, која во пакет доаѓа со смеење до солзи, со огромна љубов и со најголемата радост што некогаш некој ја почувствувал.

Погледнете ги овие смешни и топли твитови на родители низ светот!

Татко ми ми го чуваше детето во голем дел од оваа година, и сега официјално најавувам дека мојот 1-годишен син има гестикулации како 64-годишен маж.“

Сакам мојата 6-годишна ќерка да знае дека искреноста е битна, но дека е побитно да има 5 години, наместо 6, кога влезот во зоолошка е бесплатен за деца до 5-годишна возраст.“

Јас: Тргни се од игрите на компјутер, многу се насилни. Дојди да играме Бесилка, пријателска игра каде што ќе бидеш погубен ако си глупав.“

„Моето 5-годишно дете бунтува против Zoom настава, така што мрда со устата, но не изустува ништо, сакајќи да ја излаже учителката дека нешто не е во ред со опцијата за Unmute.”

„Децата навистина ја преценуваат желбата за погаѓање на родителите.“

„Јас: Ми треба малку приватност, може ли?
2-годишното дете: „Да“ – и ја затвора вратата од тоалетот, но тој останува внатре.“

„Мојата 5-годишна ќерка не сака да ја чешла косата, бидејќи косата ѝ била уморна.“

„Ќерка ми која има 3 години, донесе четка за бришење тоалет во кревет. Не разбирам зошто.“

„Што викам: Не прави го тоа, опасно е.
Што разбира моето дете: Докажи ми дека не си кукавица!“

„Моето 4-годишно дете: Може ли да добијам ножици?
Јас:  Зошто?
Детето: Дефинитивно не за да си ја сечам косата.
Звучи легитимно.“

Јас: Си ги изми запчињата?
Ќерка ми: Да
Јас: Сите?
Ќерка ми се враќа во купатило, победена“

 

Прегледи:
108
Категории:
Хумор
Објавено на:
30.10.2020