Најсреќниот човек на светот советува: Еве како да бидете среќни секој ден!

Ако напишете на Гугл „Кој е најсреќниот човек на светот“ ќе го добиете името Матју Рикард – тој е 72-годишен француски писател и монах на тибетскиот будизам, роден 1946. како син на филозоф и уметница.

Оваа титула ја добил по учествувањето во 12-годишната студија за медитација за сочувство која ја води невролог од Универзитетот Висконсин, докторот Ричард Дејвисон.

Дејвисон поставил 256 сензори во главата на Рикард, а скенирањата покажале дека кога Рикард медитира неговиот мозок произведува гама бранови, оние кои се поврзуваат со свеста, вниманието, учењето и парите, на ниво какво што науката сѐ уште нема забележано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthieu Ricard (@matthieu_ricard) on


Преку скенирањето е откриено дека активноста во неговиот лев префронтален кортекс на мозокот, му дозволува да има незабележано чувство на среќа и многу мала можност за чувствување негативност.

Рикард, кој понекогаш медитира и по цел ден, признава дека се чувствува како среќна личност иако не сака да го нарекуваат најсреќен човек на светот.

Своите тајни ги открил репортерот на порталот businessinsider.com, кој со него разговарал во текот на Светскиот економски форум во Швајцарија. Неговиот прв совет е:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthieu Ricard (@matthieu_ricard) on


1. Престанете да размислувате јас, јас, јас, одговорот е во алтруизмот. Кога постојано размислуваме на себе, се заморуваме и потпаѓаме под стрес, што конечно доведува до чувство на несреќа. Ако сакате да бидете среќни, бидете добронамерни. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и другите ќе почнат да ве гледаат како подобра личност.

2. Меѓутоа, не дозволувајте другите да ве користат. Стремете се кон тоа да бидете разумно љубезни. Ако вашиот ум е преполн со добронамерност, ентузијазам и солидарност, а тоа е многу здрава состојба на умот која води кон благосостојба и процветување. На тој начин сте во многу подобра ментална состојба. Докажано е и дека ќе бидете поздрави.




Коментари

коментари