Категории

Најстрашните грешки со маските за лице

Овие грешки при негата за лице влијаат значително врз кожата, внимавајте!

Маските за лице се одлична нега на лицето. Едноставни се за употреба, длабински ја чистат кожата и даваат сјај и свежина но само ако се употребуваат на вистински начин и ако се наменети за вашиот тип на кожа. Овие стручни правила морате да ги знаете кога се во прашање маските за лице, затоа што грешките можат да влијаат негативно врз вашата кожа.

-Не го земјате секогаш во обзир типот на кожа
Пред да направите маска, морате да ја одредите потребата на вашата кожа. На пример, хранливата маска може да создаде контраиндикации кај комбинираната и масна кожа, но затоа е идеална за сувата кожа.

-Користите маска секој ден
Запомнете, пилингот и маските со ефект на лифтинг мораат да се прават 1-2 пати неделно. Ако го прекршите ова правило, можете да го оштетите хидролипидниот слој на кожата. Како резултат на тоа доаѓа до иритација, лупење а во најлош случај и до воспаление.

-Не ја чистите кожата на лицето пред маската
Секој спа третман треба да започне со чистење на лицето. Само во тој случај активните компоненти на маската можат да продрат длабоко во кожата и да работат со полнс „сила“.

-Ја држите маската подолго од наведеното време
Секогаш читајте го упатството пред употреба. Врз основа на составот на производот, производителот го пресметува времето на нанесување. Ако маската е потполно сува на лицето, ќе добиете спротивен ефект: ќе добиете дехидратација на кожата.

-Нанесувате маска на кожата околу очите
Тоа подрачје на лицето е доста осетливо и бара посебна нега. Маските за лице се премногу агресивни за него. Користете посебни маски наменети исклучиво за подрачјето околу очите.

Прегледи:
478
Објавено на:
10.03.2020