Најтешко е да се изговорат најважните нешта – Затоа што тие имаат моќ да променат сè

Но што е сето тоа наспроти ризикот и една мала ронка надеж дека можеби следниот пат ќе биде поинаку, наспроти таа мала шанса дека следниот пат од другата страна ќе стои некој кој вашите чувства ќе ги пречека со топлина и на нив ќе одговори со „И јас, исто така..“

Зошто е толку тешко некому да му се покажат чувствата, да се каже дека ти недостига, да се изрази љубов, да се даде искрена поддршка, а за оние безначајните нешта на никому не му е проблем да зборува бескрајно..?
Колку пати во нашите глави го премотуваме сценариото кога сакаме да изустиме нешто важно, кои зборови да ги избереме, а потоа стравот го запира сето тоа и се откажуваме од се.

Колку искрени пораки останале засекогаш изгубени и никогаш не стигнале до целта? Колку реченици стигнале до врвот на јазикот а потоа исчезнале без трага?

Еднаш кога ќе те повредат, со тоа ја рануваат и твојата искреност. Си го отворил срцето некому а на крајот ти зариле нож во него. Некому си се исповедал за твоите најдлабоки тајни а на крајот почнале да ти се подсмеваат. Некому си признал дека ти недостига, а потоа си сфатил дека тој нема исти чувства.

И стравот почнува да ги води нашите мисли, ги сопира чувствата и ги држи заклучени некаде длабоко во темнината. И така целиот живот го поминуваме во страв дека повторно ќе бидеме повредени ако некому пак му ги искажеме, па стануваме студени и мрачни. Засекогаш отуѓени.

Но што е сето тоа наспроти ризикот и една мала ронка надеж дека можеби следниот пат ќе биде поинаку, наспроти таа мала шанса дека следниот пат од другата страна ќе стои некој кој вашите чувства ќе ги пречека со топлина и на нив ќе одговори со „И јас, исто така..“
За тоа вреди да се ризикува, повторно и повторно..




Коментари

[fbcomments]