Најубава зимска торта: десерт без јајца и млеко (РЕЦЕПТ)

Вкусната зимска торта е совршена за прослави. Еве како да подготвите сочна и кремаста торта без јајца и млеко.


Состојки за кората:

  • 200 гр мелени ореви
  • 150 гр мед
  • 250 мл сок од портокал
  • 200 гр шеќер (кафеав)
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 300 гр брашно
  • 1 чаша какао
  • 1 прашок за пециво
  • 100 мл масло

Глазура:

  • 200 гр посно чоколадо
  • 1 лажица масло

Подготовка:

Измешајте ги сите потребни состојки за кората. Во загреаната печка печете ја кората на 180 степени, околу 40 минути. Кога кората ќе се излади поделете ја на три дела.

Фил: Измешајте пире од костени, џем по избор и рум. Потоа додатете мелени ореви.

Редете го филот врз корите, и на крај додадете ја глазурата.

Добар апетит!




Коментари

[fbcomments]