Чек дис аут
Search

Најубавата поема на Чарлс Буковски која го открива неговото право лице

Чарлс Буковски починал во 1994. година од леукемија, а многу негови фанови и понатаму не знаат кој всушност бил. Буковски во своите контроверзни романи обезбедил репутација на „блуден син“, чиј живот се сведува на алкохол, жени и филозофирање. Неговата биографија, возбудлива, мрачна, претешка, зборува во прилог на тоа.

Меѓутоа, Буковски првенствено бил поет (и тоа многу добар поет), а во својата поезија можеби и несвесно, ги вплеткал своите најинтимни слабости, најмоќни емоции, најубави мисли…

Песната „Сина пица“ открива една од неговите најголеми тајни – онаа која ја наливал со виски и ја прекривал со чад за никој да не ја види, а ја пуштал кога останувал сам, соочен сам со себе… Прочитајте ја, ќе има ситуации кога ќе се сетите на оваа песна.

Сина птица

Има една сина птица во моето срце која

сака да излезе надвор

но, јас сум премногу опасен за неа,

и велам, остани внатре,

не сакам

да те види секој.

Има една сина птица во моето срце која

сака да излезе надвор

но, јас ја наливам со виски и вовлекувам

дим од цигарите

за курвите, бармените

и ситните трговци

никогаш да не дознаат

дека е

внатре.

Има една сина птица во моето срце која

сака да излезе

но, јас сум премногу опасен за неа,

и велам,

смири се, зарем сакаш да

ме растргнеш?

Зарем сакаш да ми зафркнеш

сѐ?

Зарем сакаш да ми ја уништиш продажбата на книги

во Европа?

Има една сина птица во моето срце која

сака да излезе

но, јас сум паметен човек, ја пуштам надвор

само понекогаш во ноќта

кога секој жив спие.

Ѝ велам, знам дека си  тука,

и затоа не биди

тажна.

Потоа ја враќам назад,

и таа малку пее,

внатре,

не ѝ давам да

умре

и потоа така спиеме

заедно

со нашата

мала тајна

и сето тоа е толку убаво што

човек би можел

да заплаче,

но јас не плачам,

а

ти?




Коментари

[fbcomments]