Најубави изреки и цитати за среќата

Среќата е тука и кога сè останато ќе пропадне. Она е единствениот вистински одговор на сé, бидејќи успехот најлесно доаѓа кога го правите она што го сакате. Успехот можеби функционира како цел, но среќата е пат без кој останувате изгубени. Ова се најубавите изреки и цитати за среќата.

“Мораш да се навикнеш на малку тага во животот. Нема да знаеш што е вистинска среќа, ако немаш со што да ја споредуваш“.- Пауло Коелјо.

“Најдете време за пријателството, тоа е патот до среќата“. – Мајка Тереза.

“Постојат два вида на среќа, среќно тело и среќна душа. Меѓу овие два вида на среќа, поголема е среќата на духот.“ – Буда.

“Кој мисли дека е среќен, тој е навистина среќен.“ – Јован Дучиќ.

“Успех е да го добиеш она што го сакаш. Среќа е да го сакаш она што го добиваш.“ – Дејл Карнеги.

“Среќа е како замок од бајка што го чуваат змејови. Треба да се бориме за да ја освоиме.“ – Александар Дима.

“Сјајот на топлата мисла ми вреди повеќе од парите. Среќата не ни носи богатство и сјај, туку смиреност и работа.“ Томас Џеферсон.

“Кој има среќа во картите, нема среќа во љубовта. Да, но кој нема среќа во љубов, нема среќа во ништо.“ – Џорџе Балашевиќ.

“Постојат луѓе кои повеќе се радуваат на нечија несреќа, отколку на својата среќа.“ – Бранислав Нушиќ.

“И скромна среќа е исто така среќа. Подобра е колиба од сено во која сите се смеат, отколку замок од мермер во кој сите плачат!“ – Кинеска поговорка.




Коментари

коментари