Најубави цитати за среќата кои ќе ви помогнат да сфатите колку сте всушност среќни

Среќата и успехот честопати се категоризираат како многу лични состојби, меѓутоа тоа се два сосема различни поими кои сепак многу зависат еден од друг. Успехот има свое влијание во среќата, но не на начинот на кој многумина мислат. Успехот е едно од многуте достигнувања во животот, но среќата е целта. Успехот треба да дојде како производ на среќата, а не обратно.

Среќата ќе биде тука и кога успехот не е. Кога се ќе пропадне, среќата и понатаму е тука. Таа е единствениот вистински одговор на се, бидејќи успехот најлесно доаѓа кога го работите тоа што го сакате. Успехот можеби делува како цел, но среќата е пат без кој ќе останете изгубени.

Цитати и изреки за среќата

„Мораш да се привикнеш и на малку тага во животот. Нема да знаеш што е вистинска среќа, доколку немаш со што да ја споредиш.“ – Паоло Коељо

„Најди време за пријателство, тоа е патот до среќата.“ – Мајка Тереза
„Постојат два видови на среќа. Телесна среќа и душевна среќа. Помеѓу овие две среќи, поголема е душевната среќа.“ – Буда
„Твојата моќ е пропорционална со способноста да уживаш.“ – Наполеон Хил

„Успех е да го добиеме она што го сакаме. Среќа е да го сакаме тоа што го добиваме.“ – Дејл Карнеги

„Среќата ја одредува состојбата на нашиот дух, а не случувањата.“ – Далај Лама

„Денот без насмевка е изгубен ден.“ – Кинеска поговорка

„Ако живтот ми ги скрати крилјата, и снегот почне да ми вее во очите, барем нема да се покаам што умеев да се смеам.“ – Мирослав Мика Антиќ

„Колку луѓето имаат поголеми услови за среќа, толку се понесреќни.“ – Паоло Коељо„Кој има среќа не му треба ништо друго.“ – Матија Бечковиќ

„Никогаш не дозволувај да сретнеш некого кој по вашата средба нема да биде среќен.“ – Мајка Тереза

„Сјајот на топлите мисли ми вреди повеќе од парите. Среќата не доаѓа со богатството и раскошот, туку со смиреноста и трудот.“ – Томас Џеферсон

„Кој има среќа во карти, нема во љубовта. Да, а ако немате среќа во љубовта, немате среќа во ништо.“ – Ѓорѓе Балашевиќ

„Малата надеж носи голема среќа. Додека големата надеж носи уште поголемо разочарување.“ – Жарко Лаушевиќ

„Здравјето ги надминува сите можни богатства на светот, така што здравиот просјак е посреќен од болниот крал.“ – Артур Шопенхауер

„Среќата не е случајна, а не е ни нешто што треба да го посакуваме. Среќата е нешто што сами го создаваме.“ – Џим Рон

„Има луѓе кои повеќе се радуваат на туѓата несреќа, отколку на сопствената среќа.“ – Бранислав Нушиќ

„Среќата е смислата на животот, целта и крајот на човековото постоење.“ – Аристотел

„Само оној кој е среќен може да шири среќа околу себе.“ – Паоло Коељо

„И скромната среќа исто така е среќа. Подобра е и колибата од слама во која се слушаат насмевки од срце, отколку палата од мермер во која сите плачат!“ – Кинеска поговорка




Коментари

коментари