Категории

Најубавиот мал жолт цвет – Прекрасна индиска приказна која се памети

Индиска легенда за малиот жолт цвет кој се расцветал во еден двор. Тој цветал само една сезона и потоа венеел.

Кога еден посетител влегол во овој двор, од сите страни слушнал само жалби.

Мангото рекло дека повеќе би сакало да биде кокосова палма. Затоа што цело палмино дрво е корисно – плодот, лисјата, гранките и стеблото.

Меѓутоа кокосовата палма му завидувала на мангото, затоа што неговиот плод се извозувал доста скапо од Индија.

Сите билките биле љубоморни една на друга, секоја од нив мислела за другата дека е подобра и повредна од неа.
Посетителот кој од сите страни слушал само жалби, застанал покрај еден мал жолт цвет кој радосно цветал во својот агол. Се наведнал и го запрашал: „Зошто ти не се жалиш како и сите останати?“

Цветот одговорил: „Па јас ја набљудував кокосовата палма и и завидував на лијсата кои се вееа на ветрот. Посакав и да донесувам преубави сочни плодови како мангото. Но тогаш сфатив дека доколку Бог сакал да бидам кокосова палма или манго, тој би го направил тоа. Меѓитоа, тој сакал да бидам мал жолт цвет, па затоа и сакам да бидам најдобриот мал жолт цвет кој некогаш постоел.“

Прегледи:
1193
Објавено на:
01.03.2020