Категории

Најубавиот маж ги шокираше своите обожавателки: Џејсон Момоа веќе не изгледа вака! (ФОТО)

„Ова го правам за да ја освестам јавноста дека пластиката ја убива нашата планета“, порачал актерот.

Џејсон Момоа се најде на првото место на листата најубави мажи во светот која ја составувал филмскиот критичар TC Candler, а еден од неговите секси заштитни знаци заедно со косата е и неговата брада. Меѓутоа, Џејсон одлучил да направи нешто неочекувано – се избричил!

Тој го порачал следното: „Збогум Дрого. Збогум Артур Кари. Ова го правам за да ја освестам јавностаа дека пластиката ја убива нашата планета“, порачал актерот.

„Го бричам овој ѕвер. Време е за промена. Промена на подобро.. за моите деца, твоите деца, за светот“, напишал 40-годишниот актер под снимката која ја промовира грижата за заштита на околината и важноста од рециклирањето!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies) on


Некои од коментарите на социјалните мрежи гласеле вака: „Со брада или без неа, факт е дека Џејсон Момоа е фантастично човечко суштество“, „Џејсон Момоа со бричењето на брадата е дваесет години помлад. Овој човек ќе не надживее“, „Џејсон Момоа се избричи и сега веќе ништо нема смисла“, гласел уште еден од низата коментари.

Прегледи:
167
Објавено на:
22.04.2019