Категории

Најубавите чоколадни тартуфи: Брзи, вкусни бомбици за сите прилики! (РЕЦЕПТ)

Брз рецепт кој што ќе сакате да го запишете и зачувате

Состојки:

  • 250 гр. несолено крем сирење
  • 50 гр. павлака
  • 100 гр. црно чоколадо
  • 40 гр. шеќер
  • мрвици по желба ( ореви, кокос, мелени бисквити …)

 

Подготовка:

Искршете го чоколадото на поситни парчиња и стопете го во микробранова печка или на пареа, сè додека не биде целосно течно. Нежно изматете го сирењето со лажица и измешајте го со павлаката. Додадете ја растопената чоколада и шеќерот. Покријте ја смесата со фолија и ставете ја во замрзнувач 20-30 минути.

Откако убаво ќе излади, формирајте ги бомбиците и се извалкајте ги во мрвици или мелени ореви, кокос, мелени бисквити … Чувајте ги во ладилник.

 

Уживајте!

Прегледи:
2166
Објавено на:
01.02.2020