Категории

Најубавите животни пораки на принцезата Дајана: „Кога сте среќни можете многу да простите“

15 прекрасни цитати од принцезата Дајана – зборови кои нè учат во животот!


Трагично починатата и никогаш не прежалената принцеза Дајана Франсис Спенсер, е родена на 1 јули 1961 година во Сандрингам, Велика Британија. Ако нејзиниот живот не завршеше прерано, таа сега би имала 58 години.

Некои зборови на принцезата се уште се цитираат и им се драги на многумина, што не е ни чудо, затоа што Дајана и покрај нејзината позиција и слава, беше многу љубезна и смирена личност која несебично им помагаше на оние на кои им требаше најмногу – гладните, напуштените и болните.

Ви ги претставуваме најубавите изјави на принцезата Дајана:

Најголем проблем денес во светот е нетолеранцијата. Секој е нетолерантен кон секого.

Прави го само тоа што ти го кажува срцето.

Ништо не ми носи повеќе среќа од обидот да им помогнам на најранливите луѓе во општеството. Тоа е целта и најважниот дел од мојот живот, на некој начин мојата судбина. Кој има проблеми, може да ме повика. Трчајќи ќе дојдам, каде и да се наоѓа.

Направете добри дела без да очекувате награда и бидете сигурни дека еден ден некој ќе го стори истото за вас.

Кога сте среќни, можете многу да простите.

Сакам да влезам во соба, без разлика дали е тоа болница за деца. Сакам да направам, не само да бидам.

Најголемата болест овие денови и во ова време се луѓето кои се чувствуваат несакани.

Прегратката може да направи многу добра, особено за децата.

Правилата не ми значат, мене ме води срцето, а не главата.

Многу луѓе ме поддржаа во мојот јавен живот и никогаш нема да ги заборавам.

Каде и да гледам страдање, тоа е местото каде што сакам да бидам, да направам сé што можам.

Секој треба да биде почитуван.

Семејството е најважната работа во светот.

Јас ги допирам луѓето. Мислам дека на сите тоа им е потребно.

Јас би сакала да бидам кралица на човечките срца.

Прегледи:
56
Објавено на:
19.09.2021