Најважната љубов која ќе ја вкусиш во овој живот

Се надевам дека ќе се заљубиш во тоа што си жива. 

Се надевам дека ќе се заљубиш во тоа што си жива.
Се надевам дека ќе береш цвеќиња и ќе читаш книги и ќе сфатиш дека животот е многу повеќе од само snapchat од некое момче на кое нема да се сеќаваш после неколку години.
Се надевам дека ќе бидеш мотивирана, ќе ги запознаеш најдобрите пријатели и ќе создадете незаборавни мигови заедно.
Се надевам дека ќе имаш толку многу заеднички мигови и фотографии и единствената болка која ќе ја чувствуваш е онаа од премногу смеење.
Се надевам дека ќе пливаш во сите оќеани и ќе го почувствуваш сонцето како те гали по твоето лице. Се надевам ќе го почувствуваш топлиот ветер и ќе го пронајдеш мирот во себе.
Се надевам дека ќе чувствуваш толкава среќа што ќе мислиш дека твоето срце ќе препукне..
Се надевам дека ќе ја спознаеш разликата помеѓу интелигенцијата и оценките.
Дека ќе станеш се што посакуваш и сонуваш и ќе работиш напорно додека не го постигнеш сето тоа.
Се надевам дека нема никогаш да се покаеш за нити еден неисполнет сон, затоа што секој од нив ќе биде твоја реалност. Се надевам ќе сфатиш дека љубовта спрема твоето тело е најважното нешто и ќе се однесуваш спрема него љубезно и нежно.
Се надевам дека ќе се заљубиш во тоа што си жива и што постоиш на овој свет, затоа што таа љубов доаѓа пред се.




Коментари

[fbcomments]