Категории

Најважните лекции за родителите и воспитувањето на децата од Марија Монтесори

Жената која направи револуција во педагошкото воспитување

Четири педагози направиле револуција во педагошкото воспитување во 20 век. Тоа биле Џон Дјуи, Џорџ Кершенштејнер, Марија Монтесори и Рус Антон Макаренко.

Марија Монтесори станала првата жена-доктор во историјата на својата земја Италија. Цел живот работела со деца, каде по пат на посматрање створила единствен систем на образование за сестран и хармоничен развој на детето.
Исто така составика и кратки напомени-заповеди за родителите. Тие се едноставни, но ако се замислите над секој од нив, тоа се повеќетомни мудроси во само неколку зборови.

1.Децата учат од она што ги опкружува.
2.Ако детето често го навредуваме, тоа учи како да ги осудува другите.
3.Ако детето често го фалиме, тоа учи како да ги цени другите.
4.Ако спрема детето покажеме непријателство, ќе научи да се тепа.
5.Ако сте искрени со своето дете, тоа ќе научи за праведност.
6.Ако детето често го исмевате, тоа ќе стане повлечено.
7.Ако детето се чувствува сигурно, тоа учи да му верува на луѓето.
8.Ако премногу често на детето му велиме „Срам да ти е“, тоа ќе научи секогаш да се чувствува виновно.
9.Ако детето често се охрабрува, тоа ќе има голема самодоберба.
10.Ако на детето му пружите поддршка, ќе биде самоуверено.