Најважните животни лекции кои морате да ги запаметите

Понекогаш поради секојдневните обврски и брзото темпо забораваме многу важни нешта

Ова се најважните совети кои морате да ги знаете за да живеете среќен и исполнет живот

1.ЖИВОТОТ Е СЕГА
Секогаш чекам да се случи нешто фантастично што конечно ќе не направи среќни. Тоа тоа што го чекаме не е таму некаде во иднината. Тоа нешто е сега и овде. Го живевеме животот во овој миг и секој момент кој го сочинува е оној вистинскиот. Затоа е важно да научиме да го сакаме својот живот и да дадеме се од себе да го направиме фантастичен.

2.СТРАВОТ Е ИЛУЗИЈА
Во поголемиот дел од случаите, да – стравот е излузија. Поголемиот дел од нештата од кои се плашиме – никогаш не се случуваат. Реалноста навистина не е толку болна и страшна колку што ја замислуваме, или колку што се плашиме дека е.

3.ЗАБАВАТА Е ВАЖНА
Во која мера вашите денови се забавни? Но навистина забавни? Животот е краток и би требало да уживаме во него. Наместо да се грижиме премногу околу нештата кои воопшто не мораме да се грижиме, би било подобро да го направиме секој ден забавен и исполнет со нешто ново. Притоа, не оптеретувајте се што мислат другите луѓе, само забаввајте се!

4.ГРЕШКИТЕ СЕ ВО РЕД
Толку се трудиме да избегнуваме грешки а всушност грешките се доказ дека се трудиме да имаме доволно храброст да направиме нешто. Доколку избегнуваме грешки, ние всушност избегнуваме шанса да направиме нешто Грешките се дел од искуствата и со нивна помош растеме, созреваме и учиме.

5.ЉУБЕЗНОСТА Е ВАЖНА
Малите изливи на љубезост имаат огромно позитивно влијание и на другите луѓе, и на нашата среќа. Да бидеме љубезни не ни треба многу, само добра волја да бидеме такви. Љубезноста треа да е дел од нас, секој ден, секогаш.

6.ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈ
Кога имаме дваесет години, мислиме дека оној кој има педесет е стар. Кога ќе наполниме педесет, се чувствуваме/изгледаме како да имаме триесет. Годините воопшто не мораат да не дефинираат. Дозволете си на себеси да бидете онакви какви што сте, без оглед на староста.

7.ЛУТИНАТА Е СТРАДАЊЕ
Гаењето лутина е исто како секој ден во телото да вбризгувате инјекцја чист отров. Затоа простуваме, ја пуштаме лутината да замине. Лутината е товар кој само не спречува да продолжиме слободно напред.

8.СТРАСТА ГО ПОДОБРУВА ЖИВОТОТ
Кога ќе наидеме на нешто кое сакаме да го правиме, тоа го правиме со сето свое срце. Секој ден во тој случај ни изгледа како подарок. Доколку сеуште не сме го пронашле тоа, треба да се „фрлиме“ во потрага по него, да истражуваме и експериментираме.

9.ПАТУВАЊАТА НИ ГО ПРОШИРУВААТ УМОТ
Патувањата ни помагаат да дојдеме до нови видици, да ја развиваме својата радозналост и влијаат врз перцепцијата на светот и животот. Различни луѓе, различни култури и традици – сето тоа го моделира нашиот ум и нашиот дух и не прави богати луѓе.

10.СЕ ПОМИНУВА
Со што и да се соочуваме во животот моментално, тоа нема да трае засекогаш. Времето поминува и ќе однесе се што не мачи.




Коментари

[fbcomments]