Категории

Најзгодниот доктор во светот е сингл и ја бара совршената девојка

Познат како @doctor.mike на Инстаграм, д-р Микаил Варшавски има повеќе од 1 милион следбеници и беше прогласен за „Најсекси доктор“ од страна на магазинот „People“.

Но, и поракј светската слава, 26-годишниот доктор со манекенски изглед се чувствува осамено и бара љубов.

Во соработка со апликацијата за состаноци „Coffee Meets Bagel“ тој се пријавил на аукција со цел собирање средства за неговата добротворна фондација „Limitless Tomorrow Foundation“.

Среќната добитничка ќе добие патување во Њујорк, престој во хотел со 4* и вечера со Доктор Мајк во еден од хотелите со Мишелинова ѕвезда.

Во објавеното видео тој зборува за работите кои ги сака во врската и работите кои би требало да ги поседува совршената девојка.