Категории

Наместо да ги лечите своите рани, погрижете се за вашата ранливост!

Секој човек има свои слабости и нешта кои го прават ранлив, но она кое го учи во текот на животот е како да се носи со нив и да не дозволи да бидат негови слаби точки кои другите ќе ги искористат против него

Добро размислете што е она кое ви нанесува болка? Што ви го повредува срцето и прави да се чувствувате немоќни, мали и срушени? Кои удари во животот прават да паднете на колена и да се борите за здив. Добро размислете за тоа и обидете се да откриете зошто тие нешта толку ве повредуваат.

Можеби имаат некаква врска со вашите поранешни искуства, можеби тоа се некое вроден стравови и слабости кои несвесно сте ги добиле или едноставно сте се родиле со нив.
Секој човек има свои слабости и нешта кои го прават ранлив, но она кое го учи во текот на животот е како да се носи со нив и да не дозволи да бидат негови слаби точки кои другите ќе ги искористат против него.

Времето нема да ги излечи вашите рани, ќе ги претвори во болни точки кои подоцна ќе бидат причината да изгледате слаби во туѓите очи. Наместо да ги лечите раните и да се молите никој повторно да не ве повреди, започнете го процесот во зајакнување на вашата ранливост.

Прегледи:
457
Објавено на:
16.06.2020