Категории

Наместо да очекувате повеќе од другите – Зголемете ги очекувањата од себеси

Наместо таа листа со раст на нашите можности и способности да се намалува, со тек на време таа почнува да се зголемува. Така очекуваме од нашите најблиски секогаш да имаат разбирање за нашите недостатоци и слабости. Од партнерот очекуваме секогаш да не сака и никогаш да не не разочара. Од членовите на нашето семејство секогаш да имаме поддршка. Од пријателите секогаш да бидат покрај нас во сите тешки мигови во нашиот живот.

И безброј други очекувања кои ги имаме од секоја поедина личност која ќе влезе во нашиот живот. Но зарем не претеруваме малку со нив? Како да знаеме дека сите тие се свесни за тие наши очекувања од нив? Дали при средбата со другите даваме список на она кое го очекуваме од нив? Колку разговараме за сите тие очекувања и дали тоа е можеби малку непримерно и чудно? И за крај, од каде ни право да одредуваме сценарио за однесувањето, не само за својот живот туку и за животот на другите?

Колку е листата на нашите очекувања е поголема, толку е поголема и листата на нашите повреди, разочарувања, стравови, недоумици и сомнежи. Колку таа листа ја смалуваме, оставаме простор за растење на нашата лична среќа но и почнуваме повеќе да уживаме во својот живот. Никој од нас не може да го промени другиот, никој не може да му поставува мисли во главата на другиот, зборови во устата и обрасци на однесување. Единствено што можеме и мораме да промениме се нашите очекувања, но и да ги смалиме на минимум.

Подобро дозволете му на животот понекогаш да ве изненади отколку да го планира и програмира секој дел од вашиот пат и секој миг од вашиот ден да останувате разочарани. Нема секогаш да биде по ваше и ретко кога ќе се случува тоа, а ќе се случи кога нема да очекувате. Оттргнете се себеси од сите очекувања и ќе ги отстраните сите примери на секојдневното незадоволство. Тогаш ќе започнете да го живеете својот живот од почеток, многу посреќни од претходно.

Прегледи:
350
Објавено на:
17.12.2020