Наместо песок- дијаманти?

Дијамантите се далеку познати по нивната убавина. Тие се желба на речиси секоја жена. Дијамантите всушност претставуваат алотропска модификација на јаглеродот и се најтврдиот минерал во природата.

Добрата вест е што има планети каде што наместо песок има дијаманти! Група на научници од Америка тврди дека постои голема можност на некои планети да има изобилство од дијаманти наместо песок. Тоа го покажало истражувањето кое го спровеле научници од Универзитетот Пристон. Користејќи ги податоците кои им ги отстапила Американската вселенска агенција, научниците утврдиле дека атмосферата на планетите оддалечени 1200 светлосни години од Земјата е премногу топла и гасовита за да во тие услови се развие живот, но идеална за дијаманти бидејќи е богата со многу јаглерод. Истражувачите изјавуваат дека ова сознание би требало да ги мотивира научниците да ја истражуваат површината на планетите богата со јаглерод.




Коментари

коментари