Категории

Наместо појадок, 3 денови пијте ги овие напитоци и исфрлете ги отровите од телото! (РЕЦЕПТ)

Одвреме навреме потребно е да направите детокс на организмот, а особено ако имате вишок килограми. Ви претставуваме 3 напитоци за детокс на организмот и убава кожа.

Зелен напиток

Состојки:

  • 1/3 шолји целер
  • 1 свежа краставица
  • ½ рака свеж копар
  • ½ рака свеж магдонос
  • 2 исцедени лимони
  • 1/2 шолја сок алое вера

Инстант детоксикација

Состојки:

  • 4 листови кељ
  • ½ шолја свеж спанаќ
  • 5ливчиња мента
  • 1/2 свежа краставица
  • 1 шолја кокосова вода
  • 1 исецена лимета
  • 1 киви

Суперхрана во чаша

Состојки:

  • 1 смрзната банана
  • 2 урми
  • 1 шолја бадемово млеко
  • 1 шолја свеж спанаќ
  • 1 лажичка спирулина во прав

Припремата на сите три напитоци е едноставна: состојките ставете ги во блендер и измешајте. Наутро пијте го овој напиток.

Многу е важно во периодот на детоксикација да се придржувате на правилниот начин на исхрана и да консумирате поголеми количини вода, а ручекот да биде лесен, а вечерата да се прескокне.

Во текот на тридневниот пост телото ќе ги исфрли штетните материи, а здравјето ќе се рефлектира на кожата, косата и ноктите.

Прегледи:
461
Објавено на:
11.05.2020