Категории

Намирници кои мирисаат на енергија и добро расположение

Научниците тврдат дека мирисот на одредени намирници го подобрува расположението и дава енергија.

Цитрусно овошје
Кога ќе се онерасположите само помириснете портокал, лимон, грејпфрут.. Витаминот Ц кој доминира во цитрусните овошја ја зголемува енергијата. Исто така, мирисот на лимон го намалува нивото на стрес. Лимонот можете да го користите и за чистење на површините низ домот, наместо производите кои содржат многу хемикалии.

Крема за сончање
Мирисајќи ја кремата за сончање се потсетувате на сончевите зраци и во истиот момент ви се враќа насмевката на лицето.

Пеперминт, еукалиптус, нане
Истражувањата покажуваат дека токму со помош на овие намирници спортистите остваруваат подобри резултати.

Мирис на свежа трева
Мирисот на свежа трева го намалува стресот и автоматски го смирува телото, а ја зголемува енергијата и го подобрува расположението.

Рузмарин
Рузмаринот е зачин кој опушта, ја поттикнува работата на мозокот и го подобрува помнењето.