Наоми Кемпбел изгледа како божица во две модни изданија во Париз

Наоми Кемпбел (48), за време на неделата за висока мода во Париз, била главна ѕвезда. Еден од најдобрите светски супермодели во текот на денот се појавила на ревијата на брендот Жан Пол Готје, а со својата појава дефинитивно покажала дека ретко која друга дама може да се спореди со неа.

Наоми блескала во црн фустан, на главата имала црн турбан, а салонките со животински принт одлично допринеле а нејзиниот изглед. Како надополнување носела и лепеза.

Фотографиите од Кемпбел во оваа комбинација се навистина спектакуларни, а било тешко да се поверува дека таа дури и надвор од модната писта се движи како да е на неа. Нејзината моќ и самодоверба можеле да ги забележат сите присутни на журката на Вог каде што се појавила со блескав фустан.

Црната пантерка, како што многумина ја нарекуваат изгледала заносно во раскошниот фустан кој на некои делови бил проѕирен.

 




Коментари

коментари