Наоми Кемпбел проговори за проблемите со косата и покажа како изгледа без перика! (ФОТО)

Наоми Кемпбел уште минатата година во едно интервју открила дека со текот на годините се соочила со опаѓање на косата поради што мора да носи перики.

Легендарната убавица во модните кругови позната како „црн пантер“, минатата година проговорила за големиот проблем со кој се соочува откако поради природата на својата работа со години ја третирала својата коса со најразлични препарати и екстензии. Имено, Наоми Кемпбел, која во светот на модата опстојува повеќе од 30 години, открила дека се соочува со опаѓање на косата поради што мора да носи перики.

Но, нејзината состојба на косата никогаш не ја покажала досега. Славната манекенка објавила селфи на Инстаграм на кое можеме да ја видиме нејзината коса во плетенки.

Наоми во споменатото интервју рекла и како сега повеќе се грижи за својата коса и признала дека е многу повнимателна. Екстензиите кои Наоми ги ставала на својата природна коса предизвикуваат пукање особено на деловите каде што косата е најслаба – над челото и од страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi) on


За да пораснат повторно влакната потребни се помеѓу три месеци и една година. Но, постои можност косата да не се опорави, па единствена опција во тој случај е трансплатацијата. Со сличен проблем наводно се бореле и Парис Хилтон, Бритни Спирс и Викторија Бекам.




Коментари

коментари