Категории

Напиток од морков и мед за добар почеток на денот! (РЕЦЕПТ)

Во зима потребно е да се направат мали измени во режимот на исхрана. Колку е важно да се зајакне исхраната, толку е важно и на својот организам да му осигурате доволен внес на витамини, па поради тоа ви претставуваме рецепт за брз и едноставен витамински здрав напиток кој ќе ви го поправи секој ден.

СОСТОЈКИ:

250 гр. моркови

1 лажица шеќер

3-4 лажици мед

½ литар млеко

ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги изрендајте ги морковите или сомелете ги во блендер и додадете шеќер, па оставете ги да одстојат 20 минути. Потоа исцедете го сокот и додадете мед, па сето тоа добро измешајте го се додека медот потполно не се стопи. Со тоа додадете млако млеко и промешајте. Напитокот е готов.

Прегледи:
373
Објавено на:
26.01.2022