Направете брз детокс: За 3 денови ќе ви се исчисти лицето, ќе се намали стомакот и косата ќе добие сјај!

Заблескајте за Нова Година!

Новогодишните празници се ближат, а вие сигурно сакате во новата година да влезете здрави и во што подобра форма. Доколку купивте совршен новогодишен фустан, подгответе се да сјајете, а ние ќе ви помогнеме да се чувствувате добро и да ги исфрлите токсините од телото кои негативно се одразуваат на кожата, косата и ноктите.

Доколку барате детокс рецепт, кој ќе ви помогне да го исчистите организмот и да го вратите сјајот на косата и кожата, имаме решение за вас.

Млечните протеини се во овој случај најдобар избор. Вашата храна треба да се базира на што повеќе овошје, зеленчук и житарици, но и секој оброк дополнете го со некои од млечните производи, без разлика дали станува збор за јогурт, кефир, кисело млеко.

Јогуртот е најдобар избор бидејќи ќе ве обезбеди со протеини, но и бактериите за добро варење кои се клучни во детоксикацијата. Ова е брз рецепт на база на јогурт:

  • една шолја јогурт
  • исечкана банана
  • една шолја лиснат зеленчук
  • една лажичка мед

Изматете во блендер и изедете го со кришка интегрален леб.




Коментари

коментари