Направете домашен леден чај на 3 начини! (РЕЦЕПТ)

Домашниот леден чај е здрава и вкусна конкуренција на прозводите од продавниците. Ледениот чај се подготвува многу лесно – потребни ви се неколку состојки и малку трпение. Во летните денови, ледениот чај е најпопуларен пијалак, а кога го приготвуваме во домашна верзија имаме потполна контрола над количината на состојки и засладувачи. Само неколку голтки и веќе ќе почувствувате пријатно освежување.

Леден чај од јагоди

За да го приготвите овој леден чај потребни ви се 5 јагоди, 1 лажица мед, 1 кесичка чај, неколку капки лимонов сок, неколку листови мента, 2-3 цветови лаванда и негазирана минерална вода. Сварете го чајот, засладете го со мед и додадете го лимоновиот сок. Оставете да се олади, а потоа додадете ги јагодите, водата и смрзнатите јагоди. Декорирајте со мента и лаванда.

Освежителен леден чај на билна основа

Состојки: 3-4 кесички зелен чај, 1 свеж лимон, лед, 2 лажици мед

Ставете ги кесичките од зелен чај во сад, прелијте ги со топла вода и варете 3 минути, извадете ги кесичките. Ладниот чај промешајте го со мед, додадете лимон, оладете го 2-3 часа во фрижидер, ставете коцки лед во висока чаша, ставете го и чајот во неаа и послужете.

Леден чај од праска

Состојки: 5 праски, 2 кесички црн чај, листови мента, 2 лимони, 1-2 лажици мед, 2 шолји коцки лед

Праските исечете ги на дебели кришки, 1 л вода сварете во лонец, додадете ги праските и варете додека не се омекнат, а потоа процедете. Подгответе го чајот, а по 10 минути извадете ги вреќичките. Истурете го во оладениот компот и додадете лимонов сок. Засладете со мед и ставете ги листовите мента, коцките лед и чајот. Може да додадете и парчиња праски.




Коментари

коментари