Направете домашен зачин кој совршено ќе го збогати вашето јадење! (РЕЦЕПТ)

Овој рецепт е совршен за да го направите зачинот во домашна варијанта кој ќе го употребувате во речиси секој оброк.

Состојки:

  • 2 кг пиперки
  • 1 кг моркови
  • 1/2 кг корен од магдонос
  • 1/2 кг кромид
  • 1 корен од целер средна големина
  • 750 гр сол
  • 750 гр масло

Подготовка:

  • Зеленчукот измијте го и исчистете го.
  • Измелете го во машина за месо или во блендер.
  • Во мелената маса додадете сол и масло и сето тоа добро промешајте го.
  • Од оваа маса се добиваат 5 тегли зачин.
  • Ставете го на ладно место по употреба. Нема потреба да додавате никакви конзерванси, бидејќи солта и маслото се доволни.



Коментари

коментари