Направете го овој сендвич, совршена комбинација од сирење, спанаќ и домат! (РЕЦЕПТ)

Освен во сос и салата, спанаќот можете да го спакувате и во сендвич, па дополнително да го појачате со сирење за сендвичот да биде посолен.

Подгответе крцкав леб, додадете му зеленчук и останатите состојки, сите заедно добро запечете ги во тавче и уживајте во превкусниот сендвич за појадок, брз ручеек или вечера.

Состојки:

  • 2 кришки леб
  • 2 домат
  •  1 лук
  • 2 лажички масло
  • 3 шолји свеж спанаќ
  • 1 чешне лук
  •  1 шолја топено сирење
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Пропржете го сечканиот лук со маслиново масло 10-15 минути да добие боја. Додадете го сечканиот домат, сол и бибер. По желба додадете и чили. Зачинете, па додадете спанаќ. Лебот премачкајте го со путер и ставете го на тостер. Кога ќе стане крцкав, додадете ја мешавината од спанаќ и домат, додадете го топеното сирење, поклопете, па тостирајте уште кратко, додека сирењето не се стопи.




Коментари

[fbcomments]