Направете го овој витамински напиток и зајакнете го вашиот имунитет! (РЕЦЕПТ)

Есента со себе носи вируси, па затоа од особено значење е превенцијата, здравата и разновидна исхрана и внсувањето витамини во организмот.

Грипот се пренесува многу лесно, а за да го избегнете треба да имате здрави навики и да го зајакнете имунитетот, редовно да вежбате и да одвоите време за одмор. Намирниците кои треба да ги консумирате се зелечнукот, бобинки, лосос, а секако и витаминот Ц кој го содржат портокалот, мандарината, калинката и лимонот. Ова е моќен напиток кој ќе ви помогне како превентива и во борбата против вирусите.

Состојки:

  • 1 чешне лук
  • 1/2 лажичка куркума
  • 1 лажичка изрендан ѓумбир
  • 1 шолја цеден сок од портокал
  • 1/2 цеден лимон

Подготовка:

Лукот исечкајте го ситно и помешајте го со останатите состојки. Сето тоа изматте го во блендер и прелијте го во стаклена чаша. Три до четири денови за ред пијте по една чаша од овој сок дневно. Чувајте го во фрижидер.




Коментари

коментари