Чек дис аут
Search


Направете маска која ја негува косата во сончевите денови

Летото е во полн ек. Сончевите зраци го достигнуваат својот максимум. А, тие се најголем непријател за женската коса.

Освен сонцето, најлоша комбинација за здравјето на косата се сонцето и морската вода.
Затоа, таа треба да се заштити и негува во летните денови.
Оваа маска е идеална за тоа.

Потребни состојки:
-1 жолчка
-2 лажици маслиново масло
-1 лажица лимонов сок

Начин на подготовка:
Измиксирајте ги сите состојки. Ако сакате маската да биде потечна за полесно да се нанесе на косата, додадете само уште една лажица вода.
Нанесете ја маската на сува коса (не мора да биде чиста), па оставете да делува половина час. Потоа измијте ја косата.
После третманот измијте ја нормално косата со шампон.


Не заборавајте редовно да ја хидрирате косата. Ако денес ја миете косата, два часа претходно нанесете маслиново или кокосово масло од коренот до врвовите. Потоа внимателно измијте ја косата.
Најголем непријател на косата е алкохолот кој се наоѓа во големи количини во шампоните.
Во текот на летото секогаш користете шампон наменет за сува и оштетена коса, без разлика на нејзината моментална состојба.




Коментари

коментари