Направете највкусна погача за Бадник со помош на овој рецепт!

Погачата за Бадник го симболизира Господ Исус Христос („Јас бев леб жив, кој се симнува од небото; кој ќе јаде од овој леб, ќе живее засекогаш; и лебот кој ќе го даде за живот во светот“ – Јован 6,51).

Еве рецепт за најмеката и највкусна погача за Бадник:

Состојки:

  • 1 килограм брашно
  •  околу 500 мл млака вода
  •  1 лажичка сол
  • 1 кисичка прашок за пециво

Украси:

  • 150 грама брашно
  • 3 лажички сол
  • по потреба млака вода

Подготовка:

  • Замесете го тестото, месете околу 5 минути и по потреба додадете уште малку брашно.
  • Во тестото задолжително ставете ја паричката.
  • Оставете го 15 минути и за тоа време загрејте ја рерната на 250 степени.
  • Потоа, ставете го во тепсијата со масло и со рацете обликувајте погача и печете 40-45 минути.
  • Украсите за погачата направете ги од цврсто тесто направени од брашно, сол и вода.
  • Најчести украси се плетенки, гулаби, ружи, жито.



Коментари

коментари