Направете пита со јогурт на која никој нема да може да одолее! (РЕЦЕПТ)

Оваа пита се подготвува на едноставен начин, а резултатот е фантастичен оброк за целото семејство.

Состојки:

  • 280 г. купечки кори
  • 2 јајца
  • 100 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 150 мл кисела вода
  • 1 лажичка сол

Подготовка:

Пресечете ги корите на половина по должината, па секоја половина соберете ја како што е прикажано на видеото и редете ги во подмачканиот плех.

Во сад измешајте ги јајцата, јогуртот, млекото, маслото, солта, киселата вода и изматете. Прелијте ја смесата преку корите. Ставете ја питата во рерна загреана на 200 степени и печете 30 минути. Готовата пита прелијте ја со стопениот путер. Готовата пита можете да ја прелиете и со кисело млеко и лук по желба.




Коментари

коментари