Категории

Направете пица без тесто: Подготовката трае 15 минути! (РЕЦЕПТ)

Дали знаете дека е можно да направите пица без да ги извалкате рацете со брашно?

Потребно ви е: 3 јајца, 100 г салама, 100 г кашкавал, малку кечап, оригано, сол и бибер по желба.

Јајцата изматете ги со миксер, ставете им сол и бибер. Истурете ја смесата во тепсија обложена со хартија за печење и ставете ја во рерна загреана на 200 степени да се потпече околу минута до две.

Изрендајте ги саламата и кашкавалот. Извадете ги јајцата од рерна, распоредете ја саламата, кашкавалот, кечапот и ориганото. Вратете ја во рерна да се пече уште десетина минути.

 

Прегледи:
695
Објавено на:
21.08.2018