Направете сами: Домашен ликер од јагоди! (РЕЦЕПТ)

Потребен ви е само половина час!

Состојки:

  • 800 г јагоди
  • 1 литар вода
  • 650 г шеќер
  • 1 литар џин

Подготовка:

Исчистете ги и измијте ги јагодите. Покрупните јагоди исечкајте ги на четвртини, а поситните на половина. Во лонец ставете литар вода, додадете 650 г шеќер, исечканите јагоди и варете додека не проврие на умерена температура. Кога ќе проврие водата додадете литар џин (наместо џин може да ставите и литар вода или литар ракија) и варете додека не проврие.

Кога ќе проврие тргнете го лонецот од оган, поклопете го и оставете го да отстои 24 часа. Потоа процедете го, јагодите измешајте ги со миксер, вратете ги во лонецот, промешајте и повторно процедете.

Ликерот ставете го во флаша.




Коментари

коментари