Категории

Направете сами: Домашна крема против брчки

Се покажа доста корисно, домашното правење на креми против брчки, па затоа денес ќе ви откриеме како самите да влезете во улогата на специјалист и да си подготвите домашна крема против брчки која ќе ви биде од огромна корист. Брчките умеат да бидат доста незгодни па зошто да не ги нападнеме од сите страни?

Кога е во прашање козметиката, постојат два типа на жени: Оние кои сакаат да екпериментираат и оние кои купуваат само проверени препарати.
За сите оние кои особено внимаваат кога е во прашање козметиката за лице и сакаат да играат на сигурно и да користат само природни препарати, тогаш ова е токму за вас!

Како да направите домашна крема против брчки?
Всушност, воопшто не е тешко. Потребно ви е само малку добра волја и состојки од кујната.
Помеѓу главните состојки спаѓа – желатинот. Тој исто така се користи и во козметичката индустрија за подготовка на многу видови на креми против брчки.
Покрај желатинот како клучна состојба потребни ви се:
– 1 супена лажица природен мед
– 50 мл глицерин (од аптека)
– четвртина апирин од 200мг.
– 50 мл обична вода

Што треба да направите?
Состојките се ставаат во сад и се готват на пареа. Не е потребно смесата за зоврие туку само состојките добро да се соединат.
Не практикувајте директно ставање на шпорет, потребна е ниска температура.
Откако смесата добро ќе се излади, измешајте со миксер. Потоа ставете ја во мала тегличка или старо кутивче од крем.
Многу е важно оваа крема да се чува во фрижидер поради тоа што не смее да биде изложена на висока температура со обзир на тоа што нема конзерванси.
Немојте да ја користите подолго од еден месец.