Категории

Направете сами лесен и ефикасен, еко чистач само со неколку состојки

Во време кога сме опкружено со производи полни со штетни материи добро е да излеземе од рутината и да користиме едноставни, природни и ефикасни производи. 

untitled-6-of-34

Многу лесно може да направите чистач за вашиот шпорет со неколку производи како портокал, лимон, рузмарин и оцет.

Постапката е лесна и опфаќа лупење на портокалот и лимонот, корите се ставаат во тегла каде се додава рузмарин (по желба) па потоа додавате дестилиран алкохолен оцет.

1

Вака наполнетата тегла ја оставате да остои минимум 5 дена, колку повеќе отстои толку подобро.

Иако оцетот е одличен чистач сам по себе, сепак цитрусните овошја му даваат посебен мирис, но исто така содржат одлични есенцијални масла кои ќе ги засилат својствата на оцетот и ќе добиете одлично средство за чистење.

4

Откако ќе отстои, течноста се префрла во шишенце со распрскувач, за да полесно се користи.

6

Начинот на користење е едноставен, се става содра бикарбона на местото кое ќе го чистите па потоа се пропрскува со средството за чистење. Се остава да дејствува 20 минути, па потоа се чисти темелно.