Направете сами пилинг за совршени усни

Студените денови се сурови за нашите усни, затоа е потребна максимална грижа и нега. Редовното негување на усните подразбира и пилинг за отстранување на сувата кожа, а зошто не би го направите тој пилинг сами место да купувате производи во кои не знаете какви хемикалии има?

Потребни производи:

  • лажица кафен или бел шеќер
  • малку мед (колку да се соедини шеќерот) или малку маслиново или кокосово масло
  • капка екстракт од ванила (не е потребно, освен ако не сакате да додадете арома)
  • мал сад за чувајње на смесата

Навистина е едноставно да се создаде оваа смеса, додадете на шеќерот мед или масло колку што е потребно за да се соедини. Ставете го во садот и користете го еднаш или два пати неделно. Нанесете на чисти усни, истријте ги и оставете минута, две да отстои, а потоа измијте и нанесете балсам или масло, за добра хидратација. Во секој случај со овој третман не треба да се претерува, бидејќи неумерената употреба може да има контраефект.

Извор




Коментари

коментари