Категории

Направете сами спреј за заштита од сонцето

Со доаѓањето на топлите денови веќе почнавме да го чувствуваме интензивното влијание на сончевите зраци

Добро знаеме дека користењето на креми и масла со висок степен на заштитен фактор е неопходно за летниот период при заштитата на кожата од УВ зрачењето, но што е со косата?
Иако првобитно не го гледаме оштетувањето на неа, кога веќе ќе стане очигледно во голем број случаи е веќе премногу доцна и единственото нешто што ни преостанува е да ја скратиме косата и да ја елиминираме штетата.

Сонцето ја суши косата и во голема мера допринесува до тоа да делува безживотно, ако не е соодветно заштитена. Соодветните сретства за заштита на косата можете многу лесно да ги направите и самите.

Едноставна и доста ефикасна формула е спрејот за заштита на косата кој има и дополнителни функции. Неговата мисија е да ја негува косата од коренот кон врвовите, како и благодарение на есенцијалните масла да ги стимулира фоликулите на косата.

Еве како да го направите домашниот спреј за заштита на косата од сончевите зраци-

Состојки:
-1 шолја дестилирана вода
-2/3 лажици крем за сунчање со СПФ 25
-3/4 капки масло од рузмарин

Подготовка:
Во сад истурете ја дестилираната вода и потоа додадете ја кремата за сунчање и на крајот капнете масло од рузмарин. Добро измешајте и префрлете ја течноста во шише со распрскувач. Протресете пред секоја употреба.
Нанесувајте на целата коса рамномерно по целата должина. Водете грижа добро да го нанесете спрејот на врвовите.