Категории

Направете вкусна и мека посна погача за Свети Никола по овој рецепт!

Одбележете го и овој Св. Никола како што доликува!

Состојки:

500 мл млака вода,

750 г брашно,

30 г свеж квасец,

1 лажица шеќер,

1 лажица посен маргарин,

малку сол.

Подготовка:

Во малку млака вода растопете го квасецот, додадете шеќер, остатокот од водата и брашно и сол, па замесете средно тврдо тесто. Оставете го да нарасне

Тестото истегнете го во форма на правоаголник, па премачкајте го со посен маргарин. Обликувајте по желба, по желба наросете го со малку сусам и ставете го во плех за печење. Покријте го повторно да нарасне, па премачкајте го со масло и печете на 200 степени 40 до 45 минути.

Прегледи:
446
Објавено на:
17.12.2021